Синоќа за период од еден час се случија две сообраќајќи на патот Штип – Радовиш, во која има повеќе повредени, а едно лице го загуби животот.
Според штипската полиција, во втората особраќајка што се случи по 21.30 часот кај клучката за селото Љуботен, на лице место почина 42-годишник од Кочани. Тој бил сопатник во возилото опел корса, едно од трите возила, кое учествувало во сообраќајната несреќа, што се случила при претекнувње. Во несреќата има и уште еден тешко повреден. Во Клиничката болница се однесени четворица, еден е задржан на лекување.
Во сообраќајната незгода што се случи неполн час порано, во Клиничката болница се донесени 12 лица, од кои 10 мигранти и две македонски државјанки.
-Шест пацинети се примени на Хириршкото одделение со тешки телесни повреди, а пет на Ортопедија. Двајца од нив имаат тешки телесни повреди, соопшти Марина Шуманска, портпарол на Клиничката болница.
Повеќе информации се најавени за во 11 часот.