(Видео) Се самоуби единствениот внук на Елвис Присли – ММС
ММС

Објавено на: 07/13/20 8:23 AM

(Видео) Се самоуби единствениот внук на Елвис Присли

Единствениот внук на легендарниот американски музичар Елвис Присли (Присли) починал вчера, потврдил за АФП менаџерот на неговата мајка, Лиза Мари. Локалните медиуми пишуваат дека станува збор за самоубиство.

Бенџамин Кеу (27) е пронајден во Калабасас во близина на Лос Анџелес со рани од огнено оружје. Извори на полицијата за ТМЗ изјавиле дека тој се застрелал.

https://www.instagram.com/p/By8tI88F-Eo/?utm_source=ig_embed

Менаџерот Роџер Видиновски не даде повеќе детали за смртта, тој само рече дека Лизи Мери Присли, единственото дете на Елвис од неговиот брак со актерката Присила, е со „скршено и опустошено срце“.

– Таа го обожаваше тоа момче. Тој беше љубовта на нејзиниот живот – рече Видиновски и додаде дека „Лиза се обидува да остане силна за своите ќерки“.

Кио ретко се појавуваше во јавноста, но неколку негови фотографии покажале голема сличност со неговиот дедо, кралот на рокенрол. Легендарниот Елвис Присли почина во 1977 година, на 42-годишна возраст.

Лиза во бракот со Дени ја доби ќерката Рајли (31) и синот Бенџамин, на кој му ја посвети песната “Storm and grace”