Ако постојано се грижите за тоа дали партнерот односно партнерката ќе ве изневери, или пак сметате дека долгото останување на работното место значи дека ви се работи зад грб, тогаш вашата врска е на „стаклени нозе“.
Луѓето чувствуваат љубомора поради разни причини – исплашени се или несигурни, се чувствуваат загрозени и стравуваат од губење на личноста што ја сакаат. Самоуверена личност која е во здрава врска ретко ќе има причина да биде љубоморна или пак, да изразува сомнеж.
Со други зборови, ако сте во добра врска може да кажете „Му/ѝ верувам“.
Не сте сигурни во која категорија сте со вашата сакана личност? Ако вашата врска е изградена врз основа на здрави темели, ќе можете да ги препознаете следните 5 карактеристики.
Не се вознемирувате кога тој/таа танцува со друга личност
Немате проблем со идејата вашата сакана личност да танцува со друго лице на свадба или друг вид свеченост. Всушност, гледањето на неговите / нејзините танцувачки потези носи насмевка на вашето лице. Ако вашата врска е солидна, танцувањето со други луѓе нема да ве мачи затоа што знаете дека чувствата за привлечност се сè уште обострани. Впрочем, вие сте личноста која вашиот партнер ќе ја однесе дома на крајот на вечерта.
И двајцата имате пријатели од спротивниот пол
Уште поважно, ниту вие ниту вашиот партнер не ја сметате оваа идеја за чудна. Она што е важно е фактот дека ваквите активности не треба да предизвикуваат кавги и дискусии. Вие имате доверба во целост и знаете дека дружбите со луѓе од спротивниот пол едноставно покажуваат тој/таа се грижи за своите пријатели. Со други зборови, вие го гледате тоа како убав гест наместо како закана.
Коментарите за изгледот на личноста со која сте во врска ги сфаќате како комплимент
Кога ќе слушнете изјави за тоа колку изгледа вашиот партнер, не размислувате како некој сака да го „украде“. Наместо тоа, се чувствувате горди што и другите го забележуваат тоа затоа што знаете дека згодната личност е само ваша.
Можете да зборувате за привлечноста на другите луѓе
Оваа навика е веројатно најтешка. Мора да бидете навистина силна личност со многу самодоверба доколку смирено го слушате вашиот партнер додека ја нарекува другата личност привлечна. Исто така, треба да разберете дека неговите / нејзините зборови не се израз на желба за сексуално општење со друга личност – само тогаш ќе можете да продолжите да се чувствувате безбедно во вашата врска.
Не го поминувате цело време заедно
Само затоа што не се движите наоколу меѓу истите луѓе, не значи дека и двајцата не сте целосно посветени на вашата врска. Да поминувате многу време заедно е голема навика, но повремено треба да одвоите некое време за себе. Така, целосно разбирате дека вашиот партнер понекогаш ќе излезе со пријателите без вас, и тој разбира дека повремено ќе го сторите истото. Во тие моменти на разделување, не чувствувате нагон постојано да се слушате и проверувате. Исто така, имате доверба и знаете дека партнерот ве сака, затоа не се плашите дека некој друг ќе го киднапира вашиот партнер во тој момент.
Извор: krenizdravo.hr