Што се жените попаметни и длабокоумни, толку им е потешко да најдат сродна душа. Тие можат да одат на многу состаноци, но во одреден момент врската не напредува понатаму. Но, не секој маж е доволно силен да застане рамо до рамо со паметна жена. Тоа го мисли и Ранија Наим, која на сајтот “Thought Catalog” објавува многу читани текстови за проблемите и феномените со кои се среќава во секојдневниот живот – пишува Bizlife.
Таа ги наведува причините зошто мажите не можат да се справат со паметна жена:
- Паметна жена поставува паметни прашања
Паметната жена ќе сака да разбере што се случува во вашиот живот и зошто се случува тоа што се случува, и таа ќе поставува прашања на кои можеби немате одговор. Дури и на првиот сотанок, ќе „копа“ подлабоко во вашиот живот и ќе поставуваат лични и филозофски прашања – и никогаш нема да уживаат во плитки разговори.
- Паметна жена е чесна
Можеби е премногу искрена. Таа сериозно го сфаќа нејзиниот интегритет. Ако прашате нешто, таа ќе ви ја каже вистината и истото го очекува и од вас.
- Паметна жена знае што сака
Или кого сака. Таа веднаш знае дали и се допаѓате и не мора да „истражува“ или да оди на состаноци за да бидете сигурна во нејзините чувства. Нејзиното срце чука за неколку специјални пријатели, кои таа внимателно ги одбра.
- Паметна жена сака сериозна врска
Таа сака долги разговори за вашиот живот, сака да слушне приказни за вашето минато, сака да ја разбере вашата болка и да му даде вредност на вашиот живот. Таа сака вистински однос кој надминува само излегување и забава.
- Паметната жена не се плаши од интимност
Таа не се плаши од приближување или дека ќе биде повредена ако премногу се отвори. Не смета дека ќе ја жртвува својата слобода или дека ќе стане ранлива. Нејзината длабочина и интимност одат заедно и таа секогаш ќе ја цени убавината на интимноста во една врска.
- Паметна жена гледа низ вас
Таа може да види кои сте навистина и што ве прави ранливи. Таа никогаш нема да го злоупотреби, таа само сака да знаете дека ве разбира и дека не треба да се преправате кога сте со неа.
- Паметна жена копнее по доследност
Ја вади од такт неприродното однесување. Таа сака силна и цврста врска и знае дека зборовите мора да бидат придружени со дела и обратно, и тоа е основата на која било врска. Паметна жена нема да игра „игри“.
- Паметната жена е интензивна
Можеби изгледа малку застрашувачко затоа што носи страст и енергија во сè што прави. Нејзините емоции се интензивни, како и нејзините мисли. Никогаш нема да биде рамнодушна кон работите што и ‘се важни.
- Паметната жена знае да сака
Ако не можете вистински да ја сакате, таа ќе замине. Таа не знае како повремено да се гледа со некој кого навистина го сака или да биде пријател со некој за кој не е рамнодушна.
- Паметната жена нема да ве чека
Таа нема да чека да размислите или да се двоумете. Таа е силна и страсна и нема да ги троши своите емоции на некој што не ја цени нејзината длабочина. Иако трага за посебен вид љубов, паметната жена не се плаши да биде сама.
(Стил.курир.рс)


