Судар меѓу две возила, во едното имало миграти, повредени се неколку лица – ММС
ММС

Објавено на: 07/12/20 7:57 PM

Судар меѓу две возила, во едното имало миграти, повредени се неколку лица

Сообраќајна незгода се случи доцна попладнево на патот Штип-Радовиш , во близна на селото Лакавица.

Според информациите од портаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, во сообраќајната незгода учествувале две патнички моторни возила, во едно имало мигранти, неофицијално околу десетина.

Првичната информација говори дека има повеќе повредени.Со возила на Брза помош тие се пренесени во штипската клиничка болница, каде што им се укажува лекарска помош.

Повеќе детали од СВР Штип најавива во текот на утрешниот ден.