Од сите повратници од Авганистан сместени во карантин се земени брисеви за Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 07/12/20 3:56 PM

Од сите повратници од Авганистан сместени во карантин се земени брисеви за Ковид-19

Утринава тестирани сите патници кои вчера од Авганистан допатуваа во земјава. Околу 60-тина лица се уште се во карантин во хотел во Скопје. Им било соопштено дека ќе престојуваат во хотелот се додека не ги добијат резултатите. Тврдат дека за тестовите им било наплатено во странска валута, објави ТВ Сител.

Револтирани велат дека надлежните недоличнo се однесувале кон нив уште кога слетале на аеродромот. Тврдат дека меѓу нив има и лица кои веднаш мора да одат на доктор поради тоа што имаат здравствени проблеми, наместо да седат во карантин. Пред хотелот и денеска нивни блиски чекаа да излезат од објектот и да си заминат дома.

Од Mинистерството за здравство пак само кусо одговорија дека на сите им се земени брисеви за Ковид-19.

Земени им се брисеви на сите македонски државјани кои пристигнаа од Авганистан. Но сеуште нема одговор од  ИЈЗ. Кога ќе бидат готови резултатите веднаш ќе ја информираме јавноста, се вели во дописот од министертвото за здравство.

Вчера вечерта вистински хаос настана спроти поранешен саем кога автобус со околу 60 патници пристигна на паркингот пред еден скопски хотел. Патниците неколку часа  ги држеле затворени во автобусот и не им дозволиле да излезат и да заминат дома со образложение дека тие мора да се сместат во државен карантин и да им биде земен брис, затоа што надлежните во земјава добиле информација дека меѓу нив има позитивини.

На скопскиот аеродром од Авганистан преку Дубаи пристигнале вчера попладне. Во авионот имало и неколку повратници од Косово за кои тврдат дека без никаков проблем со автобуси си заминале дома, а на нив им биле земени пасошите и биле качени во автобусот без притоа никој да им објасни за што станува збор и каде ги водат.

сител.мк