Прегазено петгодишно дете во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 07/12/20 10:12 AM

Прегазено петгодишно дете во Скопје

Возач на „БМВ“ прегазил петгодишно дете во Скопје. Детето се здобило со тешки телесни повреди.

„На 11.07.2020 во 15.00 часот било пријавено дека во Скопје, на ул.„Методија Митевски“, патничко возило „БМВ“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Х.(38) од Скопје, удрило во петгодишен пешак од Скопје. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде што бил пренесен за укажување на лекарска помош,“информираат од Полицијата.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.