Во древниот храм “Света Софија” во Охрид, се одржува свечена церемонија на која игуменот на Бигорскиот манастир, архимандрит Партениј се хиротонисува во епископ Антаниски.
фото-OhridNews
На церемонијата внатре во духовниот храм присуствува црковниот клир и поканети гости во ограничен број, меѓу кои и претставници на државните и локалните власти предводени од градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.
фото-OhridNews
Поради актуелната состојба, церемонијата се одвива мерки на предострожност. На влезот на присутните им се мери температура, се врши дезинфекција и се делат специјално дизајнирани маски.
OhridNews