Тешка ноќ во Србија: Во КБЦ Бежанска коса, над 100 прегледи поради ковид 19 – ММС
ММС

Објавено на: 07/12/20 8:51 AM

Тешка ноќ во Србија: Во КБЦ Бежанска коса, над 100 прегледи поради ковид 19

Се хоспитализираат пациенти со средна и тешка пневмонија, а просекот на возраста е 47 години.

Директорката на Клиничкиот болнички центар ,,Бежанска коса“, Марија Здравковиќ, изјавила дека во текот на ноќта имало над 100 прегледи.

,,Сите пациенти се покриени тераписки, а секој десети се наоѓа на интензивна нега“, изјавила директорката Здравковиќ

Во оваа ковид болница во секој момент има околу 300 пациенти со средна и тешка клиничка слика.

Јасмина Станковиќ, директорката на здравствениот дом ,,Д-р Драга Љочич“ во Шабац изјавила дека за десет дена во текот на месец јули, се дуплирал бројот на пациенти со симптоми на коронавирус.

,,Од 6 јули секојдневно добиваме тестови , 80- 90 тестови колку што е капацитетот на лабораторијата“, вели докторката, наведувајќи дека контактите се праќаат во изолација.

Докторката Јована Обреновиќ, изјавила дека во Итната помош во текот на ноќта забелеќан е зголемен број на пациенти, 1800 поради сомнеж на ковид инфекција.

srbijadanas.som