Несреќата се случи попладнево, околу 15 и 30 часот додека момчето со татко му и со пријатели пливале во водите на велешко езеро, во близина на ресторан „Брод Панини“. Никој од групата во прв момент не забележал дека момчето М.С роден 1992 година го нема на површината на езерото.
Кога тоа се случило сите почнале да го бараат. Била повикана и полиција од СВР Велес кои побарале помош од пожарникарите од Територијалната противпожарна единица во Велес.
По потрага што траела околу час и половина некаде околу 17 часот пожарникарите го пронашле телото на удавеното момче и го извадиле од водата на езерото.
Од МВР потврдија дека се удавило момче во „Езеро Младост“.
„Денес околу 15.30 часот пријавено е дека во водите на езеро „Младост“, М. С. роден 1992 година од Скопје се удавил. Телото е извадено. Лекар на Итна помош од Здравствен дом Велес ја констатирал смртта.Се врши увид на местото на несреќата“, соопшти МВР.
На лице место излезен е Јавен обвинител. Се чека неговата одлука дали телото на удавеното момче ќе биде предадено на обдукција или ќе му биде предадено на семејството.
Убавка Јаневска