Од Ковид -19 почина работник од штипска Баргала – ММС
ММС

Објавено на: 07/11/20 3:49 PM

Од Ковид -19 почина работник од штипска Баргала

Меѓу починатите осуммина од Ковид-19  во изиминатите 24 часа е и работник во компанијата за чевли, Баргала од Штип. Штипјанецот бил во тешка состојба и од вчера ставен на респиратор. Починатиот работник го делеа месеци од пензија.

Баргала е една од десетината компании со болни од Ковид 19. По појавта на првите случи, продолжи производствениот процес, освен на една линија, со заболени.

Денеска починатиот работник е втората жртва на смртоносниот вирус од кожаро-текстилната индустрија во Штип. Минатата недела почнина 36-годишен работник во конфекцијата Грандтекс.