Случајот за кој министерот за внатрешни работи Наќе Чулев не ги искористи официјалните канали за информирање на министерството, туку објви на Фејсбук за пронајдените лични карти кај сопственик на продавница во Ромското маало во Штип, за заменскта министерка Славјанка Петровска крие долг во позадина.Чулев објави дека трговецот документите ги чувал за да спроведе предизборен поткуп.
На новинарско прашање за случајот во Штип со откриените лични документи, министерот Чулев рече случајот сега е во рацете на Основното јавно обвинителство во Штип.
-Се работи за случај кој се работи со ОЈО. Значи, пријавата до ОЈО-Штип е потпишана и од началникот и од дополнителниот заменик началник и согласно сознанијата кои што се наведени во пријавата, односно во документот доставен до обвинителството, е точно наведено дека се работи за изборен поткуп. Впрочем, истргата ќе го покаже и ќе го докаже тоа. Во моментот се собрани материјални докази во смисла на сите биометриски и други документи и исто така има и листа на граѓани каде што се заведени кој колку должи. Во тек се разговори со сите оние граѓани на кои им се одземени личните документи и тие во изјавата ќе си дадат и ќе укажат за што точно се работи, односно да го потврдат она за кое се работи. Во моментот сите оперативни сознанија и добиени материјални докази укажуваат дека се работи за поткуп, а во однос на изјавата на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска немам коментар. Мислам дека е политички мотивирано, таа е кандидат за пратеник на изборна листа, одговори министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.