Парламентарни избори 2020: Јанко Бачев од Единствена Македонија – носител на листа во ИЕ 4 (видео) – ММС
ММС

Објавено на: 07/11/20 1:00 PM

Парламентарни избори 2020: Јанко Бачев од Единствена Македонија – носител на листа во ИЕ 4 (видео)

Парламентарни избори 2020: Јанко Бачев од Единствена Македонија – носител на листата на пратеници во ИЕ 4 од коалицијата „Никогаш Северна – Само Македонија“

Единствена Македонија основана во 2002 година,  претседател Јанко Бачев

Акценти од Изборната програма за Парламентарни избори 2020:

Поништување на  Договорите со Грција и Бугарија, поништување на пописот од 2002 година, ревизија и враќање на криминалното од периодот на транзицијата и највисоките државни функции да ги води православен македонец -албанско македонските коалиции се на штета на државата и на државно националните интереси -сега важно во Парламентот да влезе една патриотска партија -постојат механизми како може да се поништат антимакедонските договори со Грција и Бугарија, во книгата што е во фаза на печатење Бачев објаснува како може да се направи поништување на Преспанскиот договор -економската наука се погрижила како се прави држава со убав стандард, какви даноци треба да има, како да се води макро и микро политика, сега на Македонија и треба чесни и честити политичари -народот од сите политичари да бара биографија од изминатите години -ќе ги укинеме извршителите и ќе им се вратат парите на луѓето за сметките кои се постари од 10 години, за кражба на буџетски пари ќе предвидиме казна затвор од најмалку 10 години, а сериозно размислуваме да ја вратиме смртната каза  за тешки дела против народниот имот, седум часа работно време -нашите политичари влегуваат во власта како најголеми голтари, а излегуваат од како најголеми капиталисти -имаме стратешка определба за сојуз со Русија бидејќни никогаш не го доведува во прашање ниту името ниту идентитетот, историјата и традицијата.