Твоја Партија е новоформиран субјект, на чие чело е адвокатот Александар Тортевски.
Ова е прво учество на партијата на избори. За Парламентарните избори 2020 има листи во сите изборни единици.
Акценти од Изборната програма за Парламентарни избори 2020:
-намалување на привилегиите на политичарите и фактичка одговорност на високите функционери;
-професионализација која не води сметка за партиската ориентација;
-реанимација на животната средина;
-образование кое се третира како инвестиција, а не како трошок, и
-квалитетен живот кој ги надминува параметрите на просто преживување и подразбира максимален достап за секој граѓанин до благодатите на современите технологии, до културните содржини од најразличен вид и можност за практикување различни животни стилови.
Намалување или укување на сите привилегии на претседателот, пратениците и другите именувани функционери, кои не се стриктно и пропорционално поврзани со извршувањето на нивната функција.
Промени на Уставот со цел намалување на бројот на пратеници, општини и ќе побара преиспитување на потребата од постоење на актуелните управни и надзорни одбори.
Реанимација на животната средина и борбата за реанимирање на животната средина
Издвојувањата за образованието во Буџетот ќе бидат ставени под ставка инвестиции, а не трошок затоа што образованието е инвестициско вложување кое повеќекратно ќе се врати во заедницата. За да може да се направи видлива промена во образованието потребно е издвојувањата за образование да се димензионираат на 6% од БДП (наместо сегашните 3.7%).