Кино на отворено во дворот на Кинотека – ММС
ММС

Објавено на: 07/11/20 10:36 AM

Кино на отворено во дворот на Кинотека

Летната кино програма во дворот на  македонската Кинотека се  одбележува со 4 дневен настан и селекција на 4 современи европски филмови во рамките на European Film Challenge.(Европски филмски предизвик).

Синоќа во дворот на Кинотека беше прикажан филмот „ Господ постои, името и е Петрунија“

За вечерва е закажана проекцијата на филмот „Гостинот “ (L’ ospite/ The Guest). Филмот е на режисерот Дучо Кјарини, а сценаристи се: Дучо Кјарини, Давиде Лантиери, Марко Петенело, Роан Џонсон (Duccio Chiarini, Davide Lantieri, Marco Pettenello).

Улогите ги толкуваат :Даниеле Паризи, Силвиа Д`Амико, Ана Белато (Daniele Parisi, Silvia D’Amico, Anna Bellato)

Кратка рецензија:

„Гвидо мислеше дека води некомплициран живот, сè додека, едно зимско попладне, не доживее ненадеен шок од неговата девојка Кјара. Гвидо е принуден да го спакува куферот и да го напушти нивниот стан. Но, каде да оди?

Ги замолува своите родители и пријатели да го примат и така почнува да преспива на нивните каучи, прифаќајќи ја улогата на сведок на нивните секојдневни животи и нивните различни романтични аспекти…“

„Гостинот“ забележа учество на неколку фестивали во светот: Locarno IFF 2018 – Piazza Grande; Chicago IFF 2018 – Comedy Program, Vancouver Italian Film Festival 2019; Torino FF 2018 – Festa Mobile – Torino Film Lab Section; FICBAQ 2019 – Blue Lobster Competition; Espoo Ciné IFF 2019…