Велешкиот суд денеска му одреди притвор на поранешниот претседател на Кривичниот суд, Владимир Панчевски.
Оваа информација прва ја обајви Коалицијата Сите за правично судење. Притворот е одреден поради обезбедување на присуство на судењето за предметот „АКМИС“.
Панчевски денеска не се појавил на денешното рочиште, а не бил присутен ниту неговиот бранител. Судењето за овој предмет за злоупотреба на АКМИС системот требаше да почна наесен, но досега овој судски процес се уште не е започнат со главна расправа.
фокус.мк