Реал му возвраќа на Барселона со засилување од НБА лигата – ММС
ММС

Објавено на: 07/10/20 6:02 PM

Реал му возвраќа на Барселона со засилување од НБА лигата

Според еминентниот „Eurohoops“, центарот на хрватската репрезентација и неодамнешниот играч на Кливленд Кавалирс, Анте Жижиќ, следната сезона се враќа во Европа и тоа во дресот на Реал Мадрид.

Некогашниот кошаркар на Дарушафака имал вербален договор со кралскиот клуб и неговиот договор со мадриѓани ќе биде повеќегодишен.

Претходно Жижиќ беше на мета на Макаби ФОКС Тел Авив, но шпекулациите оттогаш стивнаа, а Жижиќ ја прифатил понудата на Пабло Ласо и можноста да се бори за сите титули во кошаркарската година која ни претстои.

Во 2016 година тој беше избран како 23 пик на НБА драфтот од Бостон Селтикс, но инстантно беше трејдуван во Кливленд. За нив одигра 121 меч.