Најголем дел од британците се’ уште се чувствуваат неудобно да излезат и да јадат во ресторан, покажува последната анкета од Канцеларијата за национална статистика.
Само двајца на 10 испитаници одговориле дека би биле среќни да излезат и да јадат надвор кога рестрикциите ќе бидат олабавени. Анкетата била спроведена на 1.788 лица во Англија, Шкотска и Велс.
Шеесет отсто од испитаниците одговориле дека би се чувствувале неудобно да јадат надвор за време на пандемијата.
Ова доаѓа откако британската влада подготви план од 500.000 фунти со кој би се поттикнале луѓето да јадат надвор, со што оброците во рестораните кои учествуваат во програмата, во понеделник, вторник и средите во август би биле субвенционирани до 10 фунти по оброк.