Иран со 142 смртни случаи и 2.262 новозаболени со коронавирус во изминатото деноноќие – ММС
ММС

Објавено на: 07/10/20 1:53 PM

Иран со 142 смртни случаи и 2.262 новозаболени со коронавирус во изминатото деноноќие

Во изминатото деноноќие Иран регистрира 142 смртни случаи и нови 2.262 нови случаи, што ј доведува до бројка од вкупно 12.447 смртни случаи и 252.720 заболени, објави иранската агенција „Фарс“.

Од почетокот на Април, иранската влада пробува да ги реотвори бизнисите, училиштата и религиозните објекти и да ја заживее економијата што и онака беше осакатена од американските санкции. Ваквите обиди предизвикаа негодување и грижа меѓу здравствените власти.