Вонредната состојба која е прогласена во Италија поради пандемијата со новиот коронавирус најверојатно ќе биде продолжена и по 31 јули, кажа денеска премиерот Џузепе Конте.
Конте кажа дека со оглед на ситуацијата во земјата „би било разумно да се продолжи вонредната состојба“.
– Се’ уште ништо не е одлучено, но најверојатно одиме во таа насока, рече Конте.
Вонредната состојба им дава на регионалните власти дополнителна моќ да имплементираат процедури и да помогнат да се запре ширењето на коронавирусот. Ова може да вклучува рестрикции во патувањето, затварање на јавни места и забрана за јавни собири.