Поради панедимјата на коронавируот, луѓето низ светот почнаа да носат хируршки маски маски за да се заштитат од заразата. Во многу земји носењето заштитна маска е обрска за во затворен простор, но многу луѓе не се задоволни од тоа. Додека некои во носењето маска гледаат сигурност, други ја сметаат непотребна и одбиваат да ја носат и покрај препораките.
За да покаже како функционираат маските, научникот Бил Није одлучи на својот Тикток-профил да ги тестира и да сподели совет.
„Маските спречуваат заразните честички од дишниот систем да дојдат во воздухот, а потоа и во вашиот дишен систем. Шалот, на пример, не е добра замена за маската“, објаснува научникот.
Веднаш потоа со шал ја прекрива устата и дува во свеќа, која веднаш се гаси, што, според него, е доказ дека шалот никако не може да ја замени маската. Потоа зема двослојна шиена маска и ја става на лице. Кога се обидува да ја изгасне свеќата, нејзиниот пламен одвај малку трепнува.