Како последици од корона вирусот, дури 10 лица починаа во Нови Пазар во текот на ноќта, изјави за ТВ Прва координаторот на болницата „Нови Пазар“, д-р Мирсад Шерлек.
Како што изјави докторот, се работи за постари пациенти.
– Зад нас е тешка ноќ, имавме десет смртни случаи, сите се луѓе постари од 75 години, никој од нив не го загуби животот затоа што не му беше укажана лекарска помош – изјави Шерлек.
Нови Пазар и натаму тешко се справува со напливот на заболени со Ковид. Тим лекари од Босна и Херцеговина денеска пристигнува во Нови Пазар за да помогне во борбата против вирусот корона.
Д-р Шерлек додаде дека не е сè толку црно, затоа што повеќе од 80 лица од Нови Пазар биле излекувани.
– Утрово во болницата имаме 290 пациенти, излечени се скоро повеќе од 85 лица, што е охрабрувачка состојба – рече тој.
Вечерње новости