Педесет и пет годишен кавадарчанец е позитивен на Ковид 19, потврдија од Центарот за јавно здравје Кавадарци.
„Лицето е на домашно лекување, а е вработено во „Дрекслмајер“. По пројавените симптоми е извершено тестирање и резултатот е позитивен. “ рече епидемилогот д-р Ристе Јовановски.
Се работи на утврдување на неговите контакти.
Ова е трет случај на вработен во „Дрекслмајер“ од почетокот на епидемијата. Во Кавадарци има дијагностицирано вкупно 23 лица, активни се 17 случаи.