Пред Собранието на Србија и преку улица во Пионерскиот парк почнале да се собираат граѓани кои се повикани на протест и денеска преку социјалните медиуми. Како што пренесуваат белградските медиуми, моментално на таа локација се наоѓаат стотина граѓани, додека полициските сили се распоредени пред зградата на Народното Собрание, како и пред претседателството.
Граѓаните за денешниот протест преку социјалните мрежи информирале дека ќе протестираат седејќи за да се разликуваат од оние кои дошле да предизвикаат насилство.
Како што информираат од телевизија N1, граѓаните се собрале и на плоштадот Слобода во Нови Сад, каде засега е мирно.
Полициските сили се распоредени околу градската куќа и околу Радио Телевизија Војводина и во самата зграда, каде вчера беа мета на напад.
Преземено од:http://rs.n1info.com/