Здравствените работници масовно се изземаат од одборите за гласање на болни од Ковид 19 – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/20 1:48 PM

Здравствените работници масовно се изземаат од одборите за гласање на болни од Ковид 19

И на денешната седница на Државната изборна комисија (ДИК) се разгледуваат барања за изземање од Посебните избирачки одбори, кои треба да го спроведат гласањето на болни од Ковид 19 и лица во изолација. Членката на ДИК, Елизабета Постолоска, алармираше дека на само три дена од изборите за оваа категорија на гласачи, не се формирани сите избирачки одбори. Апостоловска го изнесе податокот дека од 58 општини, каде ќе се гласа, во 32 општини нема формирано вакви посебни одбори, кои ќе влезат во домовите на болните и ќе им овозможат да го дадат својот глас.

-Мислам дека бројката е сериозна. Две недели ДИК прави натчовечки напори да ги пронајде овие луѓе, да стапи во контакт со нив. Имаме наплив од изземање. Веќе алармантни станува состојбата, изјави Постолоска и ги повика институциите, пред се’ министерот за здравство, да интервенираат кај здравствените работници.

На ова нејзиот колега Борис Кондарко се обиде да ја амортизира состојбата, укажувајќи дека не е така аларматно, за јавно да се крева паника. Според него, изземањата се основани, на база на доставена уредна документација, рече Кондарко.

– Не можеме однапред да етикетираме или генрализираме. Секој со својата одгворност. Точно е дека втор пат го правиме ова, имаше 80-тина изземања, сега се 40-тина. Тоа е наша обврска и не треба да се жалиме на јавноста. Доколку има поединечни злопупотреби, тоа може да се провери, изјави Кондарко.

Како што беше кажано на седницата на ДИК во 20 општини во понеделник нема да се гласа, бидејќи нема пријавено лица болни од Ковид или во изолација. Тоа се општините Дојран, Долени, Зрновци, Конче, Кривогаштани, Новаци, Македонска Каменица, Ново Село, Пласница, Радовиш, Ранковце, Центар Жупа, Чашка, Чешиново – Облешево, Чучер Сандево, Василево, Виница, Градско, Дебарца, Делчево и Арачиново.

За гласање во понеделник во целата држава се пријавени 697 позитивни на Ковид-19 и лица во самоизолација, додека во вотрник, 14 јули, ќе гласаат 9020 немоќни и хронично болни.