Паника во Јужна Кореја: Исчезна градоначалникот на Сеул – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/20 12:51 PM

Паника во Јужна Кореја: Исчезна градоначалникот на Сеул

Парк Вон-сон, градоначалник на Сеул, главниот град на Јужна Кореја, исчезна, а полицијата е во интензивна потрага по него. Полицијата соопшти дека од утrинава го бара во населбата Сеонгбук, каде што неговиот мобилен телефон последен пат бил лоциран. Исчезнувањето го пријавила неговата ќерка.

И кабинетот на градоначалникоt потврди дека тој не се појавил на работа од непознати причини и оти ги откажал сите закажани обврски.

Парк е долгогодишне активист и правник што се занимава со човекови права. Градоначалник на Сеул е од 2011 година, а лани во јуни му почна третиот и последен мандат. Член е на Демократсkата партија, а се споменуваше и како претседатекски кандидат за изборите во 2022 година.