Заев: За разговорот со ,,лажната“ Грета Тунберг , јавноста беше информирана, знаевме дека се пранкери – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/20 12:43 PM

Заев: За разговорот со ,,лажната“ Грета Тунберг , јавноста беше информирана, знаевме дека се пранкери

Уште кога се случи таквиот разговор ние го објавивме јавно, информиравме дека имаше повторно обид на хибридно влегување во владините телефони, изјави денеска лидерот на СДСМ Зоран Заев запрашан за коментар по објавените снимки – раговорот со ,,лажната“ Грета

Тој вели дека во раговорот тој повеќе молчел, затоа што веќе знаеле дека станува збор за пранкери.

,, Тогаш обајавивме детали, гледате дека во самиот разговор јас повеќе време молчам, заради тоа што во текот на разговорот тоа го препознавме и оставивме да зборува комплетно за да можеме веднаш тоа комплетно да го објавиме. Го информиравме и нејзиното семејство , кои беа згорзени од злоупотребата на идентитетите на славни личности. Сето ова кажува колку овој нов свет може да биде загрозувачки за државите, за граѓаните, за поединци и нивините семејства,“ рече Заев.

Тој вели дека во разговорите стоел на државните ставови, тогаш кога зборувал официјално и јавно.  ,,Но она што е важно овој обид за манипулација од пранкерите беше фатен благодарение на протоколите кои ги воспоставивме по првиот обид што се случи во земјава,“ додаде  Заев.