Скулптурата од дрво на првата дама на САД, Меланија Трамп, во близина на Севница, нејзиниот роден во Словенија, е отстранета откако била запалена на Денот на независноста на САД, 4 јули.
Автор на скулптура беше американскиот уметник Бред Дауни. Многумина Словенци сметаа оти дрвената скулптура е срамна зашто повеќе наликувала на Штрумфета отколку на Маланија.
Засега не е познто кој и зошто ја запалил, пишува Би-Би-Си.
„Истрагата за случајот е во тек, па не можеме да откриваме детали“, изјавиле од словенечката полиција.
Во јануари годинава голема дрвена статуа што наликуваше на Доналд Трамп, дизајнирана од локален уметник, беше запалена во словенечкиот град Моравче.