Тракторист утрово загина во сообраќајка кај „Југокомерц“ во Кавадарци – ММС
ММС

Објавено на: 07/9/20 7:39 AM

Тракторист утрово загина во сообраќајка кај „Југокомерц“ во Кавадарци

Тракторист загина утрово во Кавадарци во тешка сообраќајка кај Југокомерц, кога се судриле трактор и автомобил. Информацијата за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Тој рече дека не може да даде повеќе детали оти увидот на местото е во тек. Според првичните информации, возачот на тракторот бил роден 1951 година. Возачот на патничкото возило бил пренесен во Општа болница Кавадарци.

Синоќа исто така имаше судар на трактор и автомобил кај фабриката Дрекслмаер, при што загина младо лице