Дали постојат машко-женски пријателства? – ММС
ММС

Објавено на: 07/8/20 10:25 PM

Дали постојат машко-женски пријателства?

Научниците од Универзитетот во Висконсин побарале одговор на прашањето дали се можни машко-женски пријателства. Во рамките на истражувањето спроведена е анкета во чии рамки 200 доброволци биле прашани дали чувствуваат привлечност кон своите пријатели од спротивниот пол.

Резултатите покажале дека машките почесто чувствуваат привлечност кoн своите пријателки, отколку обратно. Исто така, тие повеќе веруваат дека нивните пријателки ги гледаат на ист начин. Според резултатите, 42 проценти од мажите одговориле дека чувствуваат привлечност кон пријателките, додека само 29 проценти од жените признале такви чувства.

Верувам дека машките и женските сакаат да бидат пријатели и да се впуштат во платонски однос, но резултатите покажуваат дека во тоа редовно им пречи привлечноста – изјавила една од универзитетските професорки.

 

Извор: dominomagazin.com