За бракот се вели дека е маратон и додека го трчаме можеме да се соочиме со низа предизвици, поради што е важно да ги најдеме начините на кои полесно ќе се справиме со нов. За да биде бракот среќен не смееме да заборавиме дека не постојат совршенства. Во текот на бракот, со партнерот или партнерката може да имате различни проблеми како пар, но и индивидуални. За добар брак потребни се двајца луѓе кои ќе вложат и време и енергија за да изградат квалитетна и долга врска.
Кои се практичните совети што може да помогнат во осварувањето на оваа цел, е тема на една од статиите што ги објави Your Tango. Советите прочитајте ги во продолжение.
Држете се често за рака
Никогаш не потценувајте го овој мал знак на внимание. Кожата ги памети и архивира како негативните, така и позиивните допири, а токму држењето за рака е убав начин за создадете многу љубов во вашата меморија.
Воочете ги добрите работи
И партнерот и партнерката треба да бидат детективи за добрите работи во нивната врска. Ако сакате да имате убава врска, треба да трагате и уште повеќе да го зацврстите она што е добро. Кога ќе дојде до конфликт, партнерите често забораваат на добрите работи поради кои се сакаат. Кога ќе дојдете до сознанија за добрите работи, споделете ги со вашата друга половина за да станете „детективи“ и двајцата.
Не плашете се од конфликни ситуации
Мудрите парови знаат дека расправиите се дел од секој брак. Ваквите парови не ги избегнуваат конфликтите, туку трагаат по клучот за нивно решавање. Доколку сте спремни да го сослушате партнерот и во конфликтните ситуации да настапувате со аргументи, вашата врска ќе стане уште појака.
Квалитетно заедничко време
Исто како што на цвеќето му треба вода за да преживее, така и на квалитетните врски им е потребна возбуда. Вие и партнерот треба намерно да создадете време во кое ќе се забавувате. Бидете креативни и често впуштајте се во нови заеднички авантури.
Не заборавајте го сексот
Сексот може да ве поврзе на посебен начин. Тој е физички потсетник дека љубовта се’ уште е жива, дури и ако тоа го заборавате од време на време. Сексот помага и во ослободувањето од стресот, поради тоа што тој влијае на хормоните кои може да направат да се чувствувате убаво. Освен што е забавен, сексот е и клуч за здрав однос во врската.
Време за себе
Здравата врска значи дека партнерите оставаат простор и за себе. Секоја личност има задоволства што сака да си ги дозволи на ссамата себе – дружба со пријателите, вежбање во теретана, индивидуална прошетка и слично. Одвојте време само за себе, затоа што и тоа меѓу другото, ќе ви помогне во градењето на квалитетниот брачен однос.
Извор: zena.rtl.hr