НБА – Блауграна, Пау Гасол на чекор до Барселона – ММС
ММС

Објавено на: 07/8/20 6:22 PM

НБА – Блауграна, Пау Гасол на чекор до Барселона

На долгоочекуваното враќање на легендарниот шпански кошаркар и повеќекратен освојувач на шампионскиот прстен во НБА, Пау Гасол, конечно му дојде крајот. Четириесетгодишната шпанска ѕвезда повторно ќе заигра во Барселона и повторно во дресот на каталонскиот тим.

Тој и Барселона деновиве ќе потпишат едногодишен договор и покрај Никола Миротиќ, Гасол ќе биде второто големо име кое директно од НБА доаѓа во Евролигата и тимот на Шарунас Јасикевичиус. Гасол е роден во Барселона и се враќа на своите корени, таму кадешто ги направи првите професионални кошаркарски чекори.

Идеалното сценарио за Пау Гасол е да направи комплетен круг во својата кариера. Да заигра повторно за Барселона и уште еднаш со шпанската кошаркарска репрезентација да се појави на Олимписките игри во Токио следната година.

Поранешниот соиграч на Коби Брајант е еден од најдобрите играчи во историјата на европската кошарка, двапати освојуваше прстен со Лејкерс и освои вкупно 11 медалји со сениорскиот национален тим. Ова го прави еден од најдоминантните кошаркарки во историјата на Европа.