Штип со десет новозаболени, а Свети Николе со девет, остануваат високо на листата на Министерстовото за здравство со позитивни на Ковид 19.
За разлика од Штип, каде веќе нема кластрери, туку вирусот од конфекциите се пресели меѓу блиските и контактите на заболените, во Свети Николе вирусот „останува“ во работничките погони.
Една од компаниите од прехранбената индустрија, со цел да превенира понатамошно ширење на вирусот, привремено не работи, додека работниците користат годишен одмор до 17 јули.
Втората компанија со заболени, е од текстилната индустрија и таму од денеска се тестираат сите вработени од едната смена, каде има заболени од Ковид. Според најавата, целата смена треба да остане надвор од погоните, додека да стигнат резултатите.
Во Свети Николе, според Општинскиот кризен штаб, регистирани се и заболени од две штипски компании, кои вработуваат работници од соседниот град.
Засега има само еден заболен контакт на позитивен работник.
Останува проблемот со доцнењето на резултатите од тестовите, на што укажуваат од Кризниот штаб и бараат побрза реакција од лабороториите, со цел да се превенира натамошно ширење на вирусот.