Со синглот „Љубов по Татунчо“ Љубојна го најавија новиот албум – ММС
ММС

Објавено на: 07/8/20 2:24 PM

Со синглот „Љубов по Татунчо“ Љубојна го најавија новиот албум

Групата Љубојна на јавноста и го претстави новиот сингл насловен како „Љубов по Татунчо“ ,  од музиката за македонскиот игран филм „Стела”  под режисерската палка на Стојан Вујичиќ,  чија што премиера се очекува наскоро.
  Музиката е дело на групата  Љубојна, а како композитор и аранжман  се потпишува Оливер Јосифовски. Текстот го напиша вокалистката Вера Јосифоска по инспирација од поемата „Татунчо“ од Кочо Рацин.
– Спотот за новиот сингл  е снимен во продукција на Dream Factory Macedonia и TulipPro, а музиката во Студио Подрумот. Ова е истовремено и најава за новиот албум на Љубојна со целосната музика од филмот „Стела”, велат од Љубојна.
https://youtu.be/pq0U1d4-QHY
„Стела“   е приказна за едно куче – шарпланинка, едно дете и еден дедо. Звучи идилично, но не е. Откако детето Николa ќе проба да се самоубие заради континуриано малтретирање во училиштето, изгледа дека никој не ќе може да допре до него. Престанува со секаква вербална комуникација. Шарпланинката Стела е единствена која не бара ништо од него, не поставува прашања, не бара одговори. Доволно е неговото постоење и среќна е од неговата близина. Детето ќе почне да се поистоветува со неа, па неговиот глас може да се слушне единствено кога лае. Дедото, кој избегал од луѓето да живее сам на бачилото, неволно ќе го прифати Никола за во текот на оваа авантура да станат семејство бегајќи од своето вистинско семејство. Не знаејќи, со тоа ќе се доближат до она од што бегаат, но сега променети ќе можат да продолжат со животот или мирно да заминат од другата страна на вечноста.