СП 2018: Англија се откажа од официјалниот тренинг пред натпреварот со Тунис – ММС
ММС

Објавено на: 06/17/18 9:33 AM

СП 2018: Англија се откажа од официјалниот тренинг пред натпреварот со Тунис

Англиските репрезентативци се откажаа од официјалниот тренинг на стадионот „Волгоград-Арена“ пред натпреварот против Тунис од групата „Г“ на Светското првенство во Русија. 

 
Причините за одлуката се непознати, но членовите на тимот ќе учествуваат на прес-конференцијата пред натпреварот, објави ТАСС. 
Играчите ќе летаат во Волгоград на денот пред натпреварот, а подоцна во градот се очекува да пристигнат и навивачите на тимот. 
Туниската делегација пристигна во саботата, а денес репрезентативците ќе одржат официјален тренинг. 
 
Дуелот помеѓу Тунис и Англија е утре во 20 часот.
Извор: МИА