После неколку дена без нови дијагностицирани со корона вирус во Кавадарци, денеска е откриен нов случај, потврдија од Центарот за јавно здравје. Станува збор за 32 годишен кавадарчанец, фудбалер во фудбалски клуб во Росоман.
„Тестирани се сите фудбалери во клубот, позитивен е само 32 годишниот кавадарчанец. Тој е на домашно лекување“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Во моментов се работи на утврдување на неговите контакти.
Ангел Данов