Во Африка екстремно сиромаштво за 50 милиони луѓе – ММС
ММС

Објавено на: 07/8/20 10:00 AM

Во Африка екстремно сиромаштво за 50 милиони луѓе

Според досегашните предвидувања, една третина Африканци, односно 425 милиони жители, живеат под прагот на сиромаштвото, со помалку од 1,9 долари дневно, но влијанието на пандемијата на коронавирусот ја влоши таа состојба, наведува Африканската банка за развој во новиот извештај под наслов „Економската перспектива во Африка’.

Африка, по Океанија, е континент најмалку погоден од коронавирусот. На тој континент се заразени околу 500.000 луѓе од кои починаа 11.700. Меѓутоа, Африја ја погодува светската економска криза предизвикана од пандемијата.

„Помеѓу 28 и 50 милиони Африканци би можеле да го почувствуваат екстремното сиромаштво оваа и следната година“, смета банката и наведува дека во текот на годинава помаѓу 24,6 и 30 милиони луѓе ќе ја загубат работата.

Се очекува дека Нигерија, која има најмногу жители – 200 милиони, ќе биде најпогодена од сиромаштијата, а нешто слчно и’ се заканувало и на Демократска Република Конго.