На фестивалот во Венеција помалку филмови, а повеќе социјална дистанца – ММС
ММС

Објавено на: 07/8/20 9:26 AM

На фестивалот во Венеција помалку филмови, а повеќе социјална дистанца

На годинашниот филмски фестивал во Венеција, кој ќе биде одржан од 2 до 12 септември, ќе има помалку филмови и ќе биде спроведено одржување на социјална дистанца, соопштил организаторот.

Уметничкиот директор на фестивалот Алберто Барбера изјавил за ANS дека најстариот филмски фестивал во светот, нема да биде „автохтонен или евроцентричен“.

Што се однесува до Холивуд, тој рече дека нема да има големи блокбастери.

„Ќе има место буквално за сите на овој фестивал, вклучувајќи кинески, индиски и филмови од Блискиот Исток“, изјавил Барбера.

Истакнал дека фестивалот, кој се одржува во септември ќе биде потполно меѓународен.

Според Барбера на фестивалот ќе биде прикажана американската, кинеската и индиската кинематографија.

Преземено од: rts.rs