Не носењето заштитна маска има и психолошки аспект – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/20 11:52 AM

Не носењето заштитна маска има и психолошки аспект

Дали познавате некој кој дефинитивно одбива да носи заштитна маска во тек на пандемија? – Еве зошто тоа го прават, според мислењето на експертите.

Носењето на заштитна маска на почетокот на пандемија со корона вирусот беше по сопствен избор, потоа задолжително во затворен простор. Но постојат луѓе кои одбиваат да стават маска на лицето во било кој случај.

Но зошто луѓето не сакаат да стават маска која ги намалува шансите да ја пренесат заразата?

Причините се многбројни и водат дури до апсурд. Американскиот претседател Доналд Трамп не носи маска затоа што мисли дека изгледа како „слабак“.  Со тоа покажува дека е загрижен за јавното здравје, а не е фокусиран на опоравување на земјата.

„Човекот како суштество, како и другите цицачи, имаат силен вроден инстинкт за преживување, кој се хиперстимулира кога ќе почувствува  изненадна закана од непознат непријател“, вели Дејвид Б. Абрамс.

„Инстинктот или се бори или бега, и се одразува и на телото и станува чувстивително и подготвено да изреагираме на закана. Инстиктот за борба понекогаш може да биде погрешно насочен, а нашиот страв ќе биде подготвен на конфликт“, објаснува универзитетскиот професор Абрамс.

Би требало да разликувате кои се вистинските психолошки причини, а што со однесувањето и рационализација кои луѓето ја користат за да објаснат зошто не сакаат да носат маски.

Ова се пет најчести причини според психолозите.

1. Толку многу е неизвесно сега, се чувстувам како да имам контрола доколку изберам да не ставам маска
Во моменти на несигурност секој вид на контрола над ситуацијата е нешто за што луѓето ќе се „фатат“.

2.Носи маска, немој да носиш маска, не знам повеќе во што да верувам
Корона вирусот во цел свет донесе неизвесност и често луѓето доаѓаат до измешани пораки и препораки кои добиваат одговори едноставно со тоа што ќе се спротивставиме.

3.Немам доволно години да добијам корона
Како што е понато, не постои старосна граница за зараза. Ова едноставно е лошо однесување.

4.Не сакам да ја ставам маската бидејќи не сакам некој да ми наредува што да правам
Маската не е наредба, туку начин да се заштитиш себе си и своите најблиски.

5. Изгледам смешно со маската
Ова е најверојатно честата причина, која ја спомена и Трамп. Психолозите велат дека вака многу често се извлекуваат мажите, отколку жените. Истите тие мажи кои короната ги напаѓа почесто и посериозно.

Преземено од: https://mondo.rs/