Бразилскиот претседател Болсонаро има симптоми на Ковид-19, вирус што за него е „мал грип“  – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/20 10:33 AM

Бразилскиот претседател Болсонаро има симптоми на Ковид-19, вирус што за него е „мал грип“ 

Претседателoт на Бразил Жаир Болсонаро има симптоми на Ковида-19, јави Си-Ен-Ен, а резултатите од тестот се очекуваат до крајот на денот, пренесува „Ројтерс“.

Болсонаро честопати им се противставувал на упатствата за физичка дистанца, препорачани здравствени експерти и го отфрлал вирусот како „мал грип“, поради што е критикуван.

По САД, Бразил е на второто место во светот според бројот на заразени и мртви од коронавирусот.