Австриската Влада договори флексибилно работно време што во таа држава ќе овозможи работен ден од 12 часа, но и работна недела од четири дена.
Според Владата, работниот ден од осум часа останува законски нормално работно време и 40 часа неделно останува правило, но новиот модел предвидува просечното работно време во неделата да не смее да биде над 48 часа, а неделната горна граница останува 60 часови.
Истовремено се овозможува работен ден од 12 часа и недела од четири работни дена.
Вработени во случај на зголемен број работни часови имаат право тоа да одбијат. Со новиот модел, максимално четири пати во годината и не во четири последователни викенди, може на вработени да им се наложи работа за викенд или празници.
Вработените ќе може прекувремените часови да ги впишат како слободни денови или да бараат исплата.