Во голема копија на египетска пирамида руска брачна двојка се штити од корона – ММС
ММС

Објавено на: 07/7/20 8:58 AM

Во голема копија на египетска пирамида руска брачна двојка се штити од корона

Брачна двојка од Истинка, мало руско село на 12 километри од Санкт Петербург, изгради во сопствениот двор бетонска реплика на Големата пирамида во Гиза.

Пирамидата на Андреј Вакрушев и неговата сопруга Викторија е 19 пати помала од египетската, која и’ беше инспирација. Висока е девет метри, а девет метри оди и во длабочина. Направена е од околу 400 тони бетонски блокови, пренесува „Индекс“.

Андреј и Викторија велат дека со години гоп роучувале дизајнот на Кеопсовата пирамида и ја посетиле повеќе пати за да направат детаљна реплика. Цел месец барале градежна фирма што ќе се нафати на изградба според инвните спецификации. На крајот, успеале да најдат, а за пирамидата морале доста да платат.

Како што пишува „Метро њуз“, Викторија рекла дека пирамидата може да го подобри имунитетот и оти штити од коронавирус. Оние што сакаат да ја искористат „лековитата и заштитна моќ на пирамидата“ ќе може да резервираат престој во неа, но за тоа ќе мора да платат помеѓу 3.500 и 10.000 рубли за ноќевање.