Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи е во изолација, откако нејзиниот колега Гаврил Бубевски објави дека е позитивен на Ковид 19. Во кратката изјава за ТВ 21, Фетаи потврдува дека се чувствува добро и објаснува дека е во изолација поради заедничките две судења со колегата Бубевски.
-На сите им потврдив дека 14 дена ќе бидам во изолација заради контакт (две судења минатата недела) со обвинителот Бубевски. Немам симптоми, а ќе се тестирам кога тоа ќе биде посочено од докторите“, изјави Фетаи за ТВ 21.
Гаврил Бубевски изјави дека се тестирал, поради тоа што имал многу контакти во текот на својата работа, во Судот, Обвинителството, однсоно во документирање на случаите што ги води. Не знае од каде се заразил
Покрај Фатиме Фетаи, во изолација се уште двјаца истражители, кои работеле со нив.
Поради здравствената состојба на Бубевски и изолацијата на Фетаи, вчера не успеа да продолжи судењето за случајот „Монструм“, кој што е одложен за 26 август.