Според вестите објавени во колумбиските медиуми, а пренесуваат светските агенции, вчера на подрачјето на државата Магдалена, сместена во северниот дел Колумбија, по превртување на цистерна со гориво настанала експлозија во која настрадале седум луѓе, а педесетина се повредени. Повеќето од загинатите и повредените се обидувале од превртената цистерна да земат гориво.
На местото на несреќата пристигнале голем број противпожарни возила и екипи на итна медицинска помош, а во тек е истрага за случајот.