Меѓу луѓето отсекогаш имало лажговци, односно такви кои се обидуваат да ја заобиколат вистината. И додека кај некои е лесно да се препознае дека лажат, други научиле како вешто да го сокријат тоа. Сепак, постојат неколку знаци кои ги издаваат лажговците, а се однесуваат на говорот на телото и одредени изрази на лицето. Оние што лажат, лесно ќе може да ги препознаете по нивната нервоза.
Во продолжение прочитајте кои се знаците по кои ќе познаете дали некој ве лаже во одредена ситуација, независно дали се работи за вашето деловно опкружување, или за некој личен однос.
Сува уста
Луѓето што лажат се под стрес, а тоа доведува до сувост на устата и потење на дланките. Ако забележите дека лицето со кое разговарате често си го „прочистува“ грлото, веројатно се обидува да ве излаже. Освен тоа, таквото лице има и плитко дишење, како и испотени дланки.
Избегнување на погледот
Луѓето што лажат избегнуваат да го гледаат својот соговорник право в очи, поради тоа што се плашат дека ќе бидат разоткриени. Ако вашиот соговорник лута со погледот и гледа на другата страна, тоа е знак дека сака да побегне што побргу и да се ослободи од анксиозноста што е предизвикана од лажењето.
Гледа во стопалата
Лицата што лажат понекогаш гледаат во сопствените стопала или едноставно, го вперуваат погледот надолу. На овој начин тие го избегнуват погледот на оној којшто го лажат за да ја направат ситуацијата поудобна.
Недостиг на емпатија
Лажговците кои се малку повешти во текот на лажењето се однесуваат ладнокрвно, а на ситуациите за кои лажаат гледаат без трошка емоција. Ако овде забележите и недостиг на емпатија, многу веројатно е дека сте во друштво на лажго.
Сокривање на лицето
Тие што се срамат од своето лажење, во текот на разговорот можно е да се обидат да го сокријат своето лице. Личнста што лаже има потреба од тоа, па затоа ќе ја покријат устата, или како што веќе беше наведено, ќе се обидат да го избегнат вашиот поглед.
Преувеличување
Постојат и такви лажговци кои ќе ги препознаете по тоа што во своите приказни користат преувеличување, или пак претеруваат кога сакаат да доловат одредена ситуација. Тие претеруваат со описот бидејќи така се трудат да ја „продадат“ својата лага. Ваквите лажговци го гледаат својот соговорник во очи, но ретко трепкаат.
Паузи во говорот
Лажговците немаат секогаш однапред подготвена приказна, па затоа во текот на разговорот тие може да прават паузи, за да размислат за она што ќе го кажат. Ако забележите дека приказната е неповрзана, многу е веројатно дека личноста со која разговарате не е искрена. Ако на таа личност и’ поставите прашање за одредена ситуација и таа прави паузи во одговарањето, голема е веројатноста дека ви сервира лаги.
Извор: zena.hr