Едноставен рецепт за спас од здодевните комарци – ММС
ММС

Објавено на: 07/6/20 7:30 PM

Едноставен рецепт за спас од здодевните комарци

Летото и летните жешки температури на гости ни ги носат здодевните комарци кои со себе ги носат и непријатните убоди, кои предизвикуваат непријатно чешање.

Тешко е да се спасиме од здодевното зуење и чешање, посебно доколку седите во зеленило и некое влажно место каде тоа им е природно најудобна средина.

Еве како може да ги избркате комарците со едноставен и домашен рецепт. Она што ви е потребно е масло за јадење, 9% киселина и шампон.

Добро измешаје ги овие состојки се додека не добиете бела пена. Ставете ја мешавината во шишенце со прскалка и слободно прскајте на тело.

Оваа мешавина делува затоа што киселината ги одбива комарците, шампонот го покрива непријатниот мирис од киселината, а маслото е база на секоја крема и спреј за тело.