Сега и официјално ова лето тешко дека ќе може да заминеме на море, но сепак ги имаме и нашите домашни природни и вештачки езера каде може да се изладиме ова лето, доколку протоколите го дозволуваат тоа. Ако се одлучите за Охрид, Струга или Дојран, за да бидете комплетни и ги почитувате протоколите ви требаат трикини.
Додека ние размислуваме дали ова лето ќе уживаме на песочните морски плажи, дизјанерите со полн погодок. Еден италијански бренд за костими за капење ги извади трикините – односно бикини во комбинација со медицинска маска, и тоа со ист дезен како и костимот за капење.
Овој моден детал не го баравме, туку ни го наметна Ковид 19. Кога веќе стојат така работите дизјанерите не губеле време, па ја покажале својата креативност па дури и во најжешките пеколни температури ќе мора да носиме маски со цел да го заштитиме нашето и здравјето на нашите најблиски.
Дизјанерката Тицијана Скарамузо вели дека маската ја направила да одговара со косимите за капење, со цел да ги забавува нејзините членови во семејството, а потоа познати и непознати луѓе почнале да правата нарачки трикини.
Откако се олабавија мерките во Италија, и се отворија рестораните и плажите, била отворена и продавницата на Тицијана. И замислете трикините се вистински хит помеѓу инталијанките. Цената на овој костим за капење се движи од 50 до 60 евра, во зависност од моделот, додека цената на машките костими за капење со заштитна маска е 10 евра.
Фото: vecernji.hr/