Осум работи кои не сте ги знаеле за серијата „Сексот и градот“: Кери и „Фацата“ не требало да останат заедно – ММС
ММС

Објавено на: 07/6/20 7:30 PM

Осум работи кои не сте ги знаеле за серијата „Сексот и градот“: Кери и „Фацата“ не требало да останат заедно

Поминаа 22 години од емитувањето на првата епизода на „Сексот и градот“, во која бескомпромисно се зборуваше за женскиот оргазам, па и за сексот воопшто. Кери, Саманта, Шарлот и Миранда се четири најдобри другарки кои предизвикаа вистинска револуција, така што за нив се зборува веќе со години, додека во меѓувреме мдни комбинации на Кери Бредшоу послужија како инспирација за многумина.

Кери, Саманта, Шарлот и Миранда со години не’ забавуваа со нивните авантури. Публиката и денес со задоволство ги гледа епизодите во кои се прикажани разноразните доживувања на овие ликови и затоа во продолжение ви ги носиме малку познатите факти за оваа култна серија.

Коктелите не биле вистински

Во серијата, четирите жени често беа прикажувани како уживаат во коктелот Космополитан. Сепак, според објаснувањето на актерката Сара Џесика Паркер, се работело за лажни коктели направени од вода и храна со соодветна боја, или пак пиеле сок од брусница.

„Понекогаш, сокот од грозје глумеше вино“ – изјавила актерката.

Навистина ги јаделе своите оброци

Во текот на сите сезони, беа прикажани сцени во разни ресторани каде актерките односно нивните ликови, уживаа во бранчот. Кери, Шарлот, Миранда и Саманта навистина ги јаделе целосно сите тие оброци.

„Секогаш јадев. Не сакам кога храната стои пред актерот, а тој не јаде, тоа е налудничаво. Со Синтиа Никсон (Миранда) секогаш јадевме се’ и не ни беше важно дали храната не е топла, тоа сепак нам ни беше работа. Не јадевме ништо луксузно, јадевме се’ што можете да биде приготвено за крако време. На пример, не сакавме да јадеме кавијар“ , објаснила Паркер во интервјуата.

Кери и „Фацата“ не требало да останат заедно

Ако не бевте среќни со крајот на серијата, тогаш ќе ве интересира кој со кого всушност не требало да остане заедно. Продуцентот на серијата изјавил дека ги издало она што на почетокот било главна тема.

„Водечката нишка на почетокот беше дека жената не мора да најде ултимативна среќа преку брак. Но не е и дека не може. Серијата едноставно, не беше создадена со мислата да биде романтична комедија и затоа жените толку се приврзаа со неа. На крајот сепак таа се претвори во конвенционална романтична комедија“, изјавил продуцентот.

Сара Џесика Паркер имала посебна клаузула за голотијата

Веројатно сте забележале дека Кери секогаш носеше градник во кревет, додека другите ликови ги гледавме голи. Тоа е затоа што таа во договорот имала клаузула за голотија.

„Не ми беше удобно да имам голи сцени, со сексуални играчки и вулгарен речник – така што не го правев тоа. Кери бакна многу мажи, со подлеку од тоа не можеше да се оди“, признала Сара џесика Паркер.

Синтија Никсон всушност била русокса

Синтија ја променила бојата на косата, бидејќи нејзиниот лик во книгите на Кендис Бушнел бил со црвена коса. По снимањето на серијата, актерката изјавила дека почувствувала олеснување кога повторно станала русокоса. На почетокот, Кери требало да биде бринета, но продуцентите се предомислиле.

Сара Џесика Паркер ја задржала речиси целата облека

Кога завршила серијата, Сара Џесика Паркер задржала околу 70 проценти од гардеробата.

Добив се што не беше изнајмено. Да, го имам тоа во архивата. Речиси, имам се’ – изјавила актерката

Сара Џесика Паркер носела висока потпетици и по 18 часа дневно

Кери обожуваше чевли.

„Потрошив 40 000 долари на чевли и немам каде да живеам? Буквално ќе бидам старица која живее во чевли“ – е една од изјавите на  Кери во серијата. Оттука, Сара морала да носи високи потпетици и до 18 часа дневно во текот на снимањето

Здолништето од воведната шпица чинело само пет долари

Познатото здолниште кое Кери го носи во воведната шпица чинело само пет долари. Ова парче облека е купено во продавница за облека од втора рака.

Фото:  HBO

Текст: zena.hr