Белата Куќа го отфли решението за носење маски на ниво на САД – ММС
ММС

Објавено на: 07/6/20 4:20 PM

Белата Куќа го отфли решението за носење маски на ниво на САД

Началникот на канцеларијата на Белата Куќа, Марк Медоус за телевизија Fox News изјавил дека претседателот смета дека секоја држава треба да донесе одлука за себе.

Медоус додал „сигурно не е во ред таква одлука да се донесе на ниво на Соединетите Држави и да им дозволуваме на нашите локални гувернери и началници сами да работат на тоа“, изјавил Медоус.

Демократскиот гувернер на државата Њу Џерси, Фил Марфи изјавил дека сака национална стратегија за борба против корона вирусот, вклучувајќи и задолжително носење заштитни маски.

Марфи изјавил дека неговата држава доживува „благ пораст во бројот на новозаразени“ од жителите кои се враќаат од Флорида, Јужна Каролина и други кластери на вирусот.

Потпретседателот Мајк Пенс исто така ја отфлил идејата за наредба за задолжително носење на маски низ цела земја, велејќи дека тоа зависи од гувернерот и локалните здравствени власти.