Секторот за внатрешни работи Тетово на 05.07.2020 спроведе акциска контрола за откривање и санкционирање на лица кои управуваат возила без положен возачки испит и без валидна дозвола, при што биле откриени осум возачи без дозволи, еден кој управувал возило под дејство на алкохол и еден чие возило било со истечена регистрација.
Сите се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци.